Малите девојчиња, под влијание на цртаните од Дизни, сакаат да сонуваат за тоа кога ќе пораснат сирени или принцези. Андреа Лигури била една од нив, но на неа навистина сонот и се остварил, барем на некој начин. Оваа 19 годишна девојка стана професионална сирена.
Андреа уште како дете одела во “школо за сирени” каде учила како да плива со лажна опашка и како да нурка за да има доволно воздух. На 3 годишна возраст го гледала цртаниот филм и станала опседната со овие митски суштества.
Андреа ги молела своите родители да ја однесат на Флорида во малиот град Вики Ваши кој е познат како едиснтвен град со вистински сирени. Во овој град уште од 1947 година се изведуваат перформанси на професионални сирени.
Она што е најинтересно, овој град има само 9 жители, а секоја година го посетуваат и до 1 милион туристи. Тука многу голем бројдевојки си го оствариле детскиот сон да бидат како Ариел од цртаниот филм.



You must be logged in to post a comment Login