Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Што да облечете на интервју за работа?

Повикани сте на интервју за работа. Ве фаќа трема. Што да облечете? Дали имате нешто прикладно за облекување? Знаете дека вашиот работодавач ве набљудува откако ќе го пречекорите прагот и дека покрај талентот се им е важно дали сте прикладни за нивната компанија. Ви претставуваме неколку предлози како би ја откриле тајната на стилот кој ветува.

Какво здолниште е најприкладно?

Во принцип треба да одберете здолниште чија должина е отприлика до колена, но морате да претпоставите какво е работното опкружување на компанијата.

Во повеќе конзервативни опкружувања треба да бирате здолниште со должина испод колена, додека во помалите конзервативни компании би требало да покажете малку повеќе кожа. Тоа секако не значи да облечете минимално здолниште, туку тоа треба да биде отприлика 4 прсти над колената. Нека биде малку пократко, но сепак да биде пристојно.

Доколку здолништето е малку подолго, не значи дека е досадно. Во тој случај тоа е идеално место во кое ќе можете да внесете боја на своето интервју. Но внимавајте со тоа здолниште да комбинирате едноставна блуза. Да не би изгледале шарено и непрофесионално.

Дали ми е неопходна акт торба?

Дефинитивно не. Единствено што ви е потребно вашата торба да биде доволно голема да би можела да содржи неколку примери од вашата биографија која сигурно во неа нема да се изгужва.

Чевли на штикла, да или не?

Не се потребни чевли на штикли, но се секогаш добра идеја. Факт е дека високите потпетици изгледаат професионални. Ако ги изберете, побарајте чевли со затворени прсти со мала или без платформа и без клинасти врвови бидејки во нив многу е полесно да се оди.

Секако дека ако не сакате да одите на штикли и во нив не се чувствувате како жирафа на лизгалки, секогаш постои опција. Облечете балетанки, но потрудете се да не бидат со шпицасти врвови бидејки изгледаат професионални.

2

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...