Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Пријателство со колегите – каде да поставите граница?

Независно колку си ја сакате работата, ако не се сложувате со колегите, ќе бидете незадоволни. Природно е да сакате да сте во добри односи со колегите и да се спријателите со нив, но прашањето е како тоа ваше пријателство ќе се одрази на задржување на професионалноста на работното место.

Ова се три вообичаени сценарија:

Заедно одите во теретана

Каде ќе најдете подобро друштво за на вежбање ако не со колегите кои имаат исто работно време како вас. Но пред да започнете, размислете дали ова ќе влијае на вашата професионалност на работа. Како ќе реагира вашиот шеф и другите колеги на вашето зближување? Добра идеа би била да ги викнете и другите колеги за да не се осетат  исклучени. Можеби највеќе би сакале да сте сами, но вака им пружате прилика и на другите да ви се приклучат.

Пијачка после работа

Дружењето по работа е одличен начин да се зближите со колегите и да ја зајакнете врската. Но ако повременото излегување на пијачка се претвори во редовно, можеби нема секогаш да имате време за тоа, а се плашите дека ќе ви промакне некоја интересна информација која се споделува на тие искачања.

Пријателството може да е корисно за вашата кариера. Пријателите можат да ви помогнат да најдете работа. да ве информираат за нови позиции, или да ви донесат нови клиенти, но не смеете да дозволите алкохолот во крвта да ја наруши вашата професионалност. Без разлика што не сте на работното место, мора да знаете да поставите граница во комуникацијата со колегите.

Не дозволувајте пијачката по работа да ви стане обврска.  Од време на време, направете некој алтернативен план, и не дозволувајте да ве убедат да останете со нив, или пак искочете и испијте еден пијалок, а потоа отидете си пред сите други. на тој начин ќе покажете дека сте друштвени, а никој од колегите нема да очекува дека секогаш ќе бидете расположени за пијачка.

Дружење за време на викенд

Ако со колегите се дружите и за викендите, сте ја преминале границата во однос колега-пријател. Иако оваква ситуација може да ви биде идеална, обидете се да ги избегавате разговорите во врска со работата во слободното време. Правете нешто различно, нешто што не ве потсеќа на работата. Отидете на концерт или во кино, на тој начин ќе ви се отворат нови теми за разговор.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement