• Сподели на:

Кариера и приватниот живот: Како да ја одржите рамнотежата?

___

Најголем број на луѓе тешко балансираат помеѓу кариерата и приватниот живот. Во денешно време луѓето се многу амбициозни и тешко се станува успешен во својата професија, а како сето тоа да не трпи приватниот живот. Еве неколку совети како да воспоставите рамнотежа меѓу кариерата и приватниот живот.

Направете распоред

Распоредот ви помага да одредите колку време ви е потребно да ги завршите работите. На тој начин ќе успеете рамномерно да го распоредите времето за работа и приватните активности. Тоа може да биде дневен или неделен распоред, кој намногу ви одговара вам.

Усогласете го времето

Правењето распоред е лесно, но усогласувањето и придржувањето е потешко. Мора да бидете во состојба да се придржувате во временската рамка која сте ја одредиле за некоја работа. Научете мудро да управувате со времето и тоа ќе ви помогне во балансирањето на кариерата и приватниот живот.

Поставете приоритети

Кога ќе дојдете во ситуација во исто време да имате незавршена работа и да треба да присуствувате на некој настан, одредете што ви е приоритет. Во ред е некогаш да одложите работна обврска поради некој настан, но исто така и да не присуствувате на некој настан поради работата.

Немојте да бидете работохолик

Доколку сте постојано под притисок поради работата и немате време за ништо, време е да го преиспитате вашиот работен однос. Соберете сила да кажете “не“ кога ќе видите дека имате премногу работа. Одете на пауза од време на време. Одете на одмор и водете сметка да секогаш бидете во контакт со фамилијата и пријателите.

Не губете време

Постојат повеќе активности на кои можете да изгубите време, а кои во вашиот живот не даваат некоја специфична смисла. Занимавајте се со ваквите активности само кога немате што друго да правите.

 


Оставете коментар

___