Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Како повторно да се заљубите во својата работа

Се досадувате од 9 до 5? Пред да дадете отказ, обидете се со овие тактики кои ќе ви ја спасат кариерата…

Сетете се на возбудатa кога прв пат дојдовте на сегашното работно место. Влеговте во деловните простории, обидувајќи се да чекорите со сигурни и самоуверени чекори. На сите им се насмевнувате со желба секогаш да оставите позитивен впечаток. Бевте подготвени да работите и прекувремено, а идеите доаѓаа без никаков напор. Одвај чекавте да дојде понеделник, за да продолжите со својот план за успешна кариера. Некогаш си ја сакавте работата, зар не? Но, денес, на многумина тој прв работен ден по викендот веќе не им е инспиративен како порано. Шефот не ви е повеќе мил и добар. Колегите ви се досадни и навистина повеќе не можете да слушате за нивните љубовни проблеми. И тоа како би сте си ја смениле работата само кога би ви се укажала малку подобра прилика.

Но, ретко кога тревата е позелена на друго место. Затоа, пред да направите нешто драстично, прочитајте го ова.

Искрен разговор

Најдобар начин повторно да почнете да се чувствувате исполнето во професионална смисла е да разговарате отворено со своите претпоставени. Закажете состанок и обидете се да не дојдете наоружани со негативни ставови во стилот: „Несреќна сум…“ или „Ме мрзи да…“. Место тоа, свртете го проблемот во нешто позитивно. Смислете една или две супер задачи кои би сакале да ги правите. Нека тоа ви биде главна тема. Дискутирајте за тоа. Ако се работи за нешто што животот ќе ви го направи поедноставен, можно е вашиот шеф да го прифати предлогот.

Дружете се со луѓе

Состаноците со новите колеги може да внесат свежина во вашиот професионален живот. Пријавувајте се за позиција на координатор на новите тимски проекти. Такви и слични улоги повторно ќе го разбудат вашиот интерес, што е воедно и добар начин да го привлечете вниманието на надредените.

Пресврт кон ново

И понатаму ја сакате компанијата во која работите, но се фаќате себе си како фантазирате за работата која ја врши вашата колешка? Можеби треба да ја истражите идејата за префрлање во друго одделение. Се разбира дека тоа не секогаш е изводливо, но можете барем да му спомнете на својот шеф. Префрлете ја топката на негова страна.

Сетете се на некогашното чувство

Ако сте заборавиле како на почетокот сте се чувствувале одлучно, набројте некои три свои квалитети. На пример: „Експерт сум за табели“, „Исклучтелно сум темелна“, „Одлично ја организирам работата“… А, тогаш, кога следниот пат некој од вашите колеги има проблем, понудете му безуловна помош. Повторно ќе се чувствувате корисни.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...