Ова се нештата на кои треба да внимавате во потрагата по вработување во 2015-та година, според написите во US News.
1. Квалитет наместо квантитет.
Досега праќавте стотици барања за работа мислејќи дека на тој начин ќе ви се отворат повеќе можности за вработување, но доколку овој метод не се покажа ефикасен досега, време е да ја смените тактиката. Стеснете го изборот и концентрирајте се на помал број фирми на кои ќе им понудите поквалитетно CV и барање за работа.
2. Јавете им се на „бившите“.
Поврзете се со бившите колеги со кои успешно сте соработувале и информирајте ги дека барате работа. Ако не можат значително да ви помогнат, можеби ќе ве поткрепат со контакти кои можат да ви бидат од пресудно значење.
3. Напишете подобро придружно писмо.
Покрај добро CV, важно е да напишете и квалитетно придружно писмо. Избегнувај да го повторувате она што веќе стои во CV-то и направете приказ на работните навики и изнесете повеќе детали.
4. Учете од грешките.
Потрагата по работа може да биде и „ревизија“ на досегашните искуства, па така претставува и можност, со поглед во минатото, да се утврдат грешките, како онаа дека сте работеле работа од која не сте биле задоволни.
5. Помогнете им на другите.
Имате пријатели што бараат работа, а доаѓате до оглас што би можел да ги интересира – задолжително проследете им го! Ако забележите познати лица на положба, кои би можеле да вработат некого од вашите познаници, посредувајте и во овој случај.

You must be logged in to post a comment Login