Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

Зимска нега против оштетени врвови

Покрај сета нега која и ја пружате на косата, во зима едноставно е потешко да се справите со неа. Ладниот и сув зимски воздух особено ги оштетува краевите на косата, така што влакната се делат и се кинат. Нема потреба да трчате во продавница по најновите силиконски капки или да купувате скапи маски за коса, погледнете ги овие 5 природни рецепти кои ќе ви помогнат да го решите овој проблем на природен начин.

Белки од јајца, маслиново масло и авокадо

Маслиновото масло ќе ја хидрира вашата коса и ќе и даде сјај, додека пак авокадото има многу хранливи состојки и витамини кои ќе ја одржат здрава.

Состојки:

  • 1 авокадо, излупено
  • 2 лажици белки од јајца
  • 3 лажици маслиново масло

Подготовка

Изблендирајте го авокадото, а потоа додадете ги белките од јајца и маслиновото масло и мешајте додека не добиете кремава смеса, која ќе наликува на регенератор. Нанесете ја смесата на косата и ставете кеса. Оставете ја смесата да делува од 45 минути до 1 час. Потоа измијте ја косата темелно и шампонирајте со благ, природен шампон.

Папаја и јогурт

Состојки:

  • 1 папаја, излупена и со извадени семки
  • ½ шолја обичен јогурт

Подготовка

Исечете ја папајата на половина и извадете го семето и излупете ја. Потоа изблендајте ја папајата со јогуртот додека не добиете единична смеса. Користете ја смесата како регенератор, оставете да делува од 45 минути до еден час, притоа покривајќи ја косата со кеса. Исплакнете темелно.

Пиво

Ставете го пивото во шишенце од регенератор во спреј, испрскајте ја косата и оставете да делува во текот на ноќта. Наутро исплакнете ја убаво косата и шампонирајте со благ, природен шампон.

Рицинус и маслиново масло

Маслото од рицинус е добро за многу нешта, а добрата работа е што за косата да биде здрава не треба да го пиете ова масло со грд вкус.

Состојки:

  • маслиново масло
  • масло од рицинус

Подготовка

Измешајте еднаква количина на маслиново масло и масло од рицинус, во зависност од тоа колкава е должината на вашата коса. Нанесете го мискот на косата и завиткајте ја во пешкир. Оставете да делува 30тина минути и потоа убаво исплакнете и шампонирајте со благ, природен шампон.

Урда и мед

Медот изобилува со хранливи состојки кои се одлични на вашата коса, а помешана со урда може да направи чуда за расцепканите краеви.

Состојки

  • ½ шолја урда
  • 1 лажица мед

Подготовка

Измешајте ги состојките заедно така што ќе добиете еднаква смеса. Нанесете на косата особено внимавајќи на краевите. Оставете да делува 30тина минути, а потоа исплакнете со млака вода.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement