Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

Здрави и без хемикалии: Нова екстра едноставни рецепти за домашни шампони

Поради често миење на косата можете да предизвикате различни оштетувања, поради хемикалиите кои се присутни во шампоните. Доколку ја миете косата секој втор ден, направете свој органски шампон. Погледнете како.

Некои едноставни мешавини на состојки, кои ги имате дома може да ви помогнат за правење на одличен шампон. Феноменално ја негуваат косата, а покрај тоа не содржат никакви токсични супстанци.

За безживотна и масна коса

Ова е најстариот рецепт за шампон, познат ширум светот, за нега на косата и за добивање сјај. Секако, основата се јајцата. Изматете две жолчки и помешајте со 30мл. вода. Додадете 3 лажици мелено кафе, кое ќе го намали мирисот на јајцата. Втријте ја смесата на косата и оставете ја да делува 30 минути. Исплакнете со млака вода.

Сува коса без волумен

Нема да верувате, но румот во овој случај е одличен избор. Редовно користење на рум како шампон ја прави косата почиста, здрава и сјајна. Изматете едно јајце и помешајте го со 100мл рум. Измелете 3 лажици ленено семе и додадете го во смесата со рум. Добро втријте ја смесата на темето и косата и оставете да делува еден час. Исплакнете со млака вода.

За брз раст на коса

Соберете 8 до 10 големи листа од хибискус и варете ги во 50мл дестилирана вода. Кога ќе се излади смесата, исцетете ја и додадете 2 лажици кана за да направите паста. Нанесете ја на темето и косата, оставете да се исуши и тогаш исперете. Хибискусот има свое својство кое помага за раст на косата, а каната за добро чистење и оживување на косата.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement