Постојат пегли за влажна коса, но и тие не можат да ви гарантираат дека вашата коса нема да се оштети. Ако имате обична пегла, тогаш потполно заборавете на пеглањето на влажна коса. Затоа пред пеглањето добро исушете ја косата и после 10 минути можете да ја пеглате прамен по прамен.
Постојат различни препарати за заштита на косата кои секако треба да ги нанесете пред вашата коса да ја изложите на висока температура. Ви препорачуваме пеглата веднаш да не ја подесувате на највисока температура, бидејки со тоа ја ослабнувате косата, а наместо сјајна и рамна коса ќе добиете испукани врвови и видно оштетена коса.
Пред пеглањето би било добро да се исфенирате. После тоа, косата поделете ја на слоеви и пеглајте ја прамен по прамен. Сепак, немојте еден прамен повеќе пати да го поминувате со пеглата, бидејки така последиците ќе бидат поголеми и повидливи.
Внимавајте прамените да не ви бидат предебели бидејки тогаш топлината нема рамномерно да се распределува. Во тој случај ќе добиете нееднакво испеглана коса.

You must be logged in to post a comment Login