Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

Трикови кои ќе ви помогнат во правењето на секојдневна фризура

Многу често самите знаеме да се заплеткаме во правењето фризура. Згора на тоа и фактот дека надвор почнуваат вистинските горештини, тргнавме во потрага по интересни фризури, но и по мали совети како да ги направите.

Кога пеглата и фигарото ќе станат единствен начин за стилизирање на вашата коса, тогаш вашата коса трпи. Поради тоа еве неколку совети кои сигурно ќе ги применувате.

 

01

Доколку имате природно рамна коса, дел по дел свиткајте го во форма на куќата на полжавот, врз него ставете фолија и притиснете со пегла неколку секнуди. На овој начин ќе имате убави и долготрајни локни.

02

 

Не сакате да се види ластикот на крајот од вашата плетенка? Краевите на косата заврзете ги во јазол, а јазолот прицврстете го со помош на шнола.

03

 

Ви се досади цело време да носите пуштена коса? Со помош на неколку шноли лесно ќе ја подигнете и ќе си поиграте со прамените од косата.

04

 

Како да направите друга форма на пунџа, поиграјте си со трака за коса.

05

 

Доколку вашата коса е нескротлива, најдобро е да користете една голема украсна шнола, отколку повеќе мали, кои нема да можат да ја држат фризурата.

06

 

Ластикот со кој го ставивте на вашето опавче скријте го со прамен од коса. Мал дел од долниот дел од косата не го врзувајте во опавче. Откако ќе ја соберете косата и ќе ја врзете со ластикот, долниот дел свиткајте го околу ластикот и зацврстете го со шнола. Овој трик е одличен кога дома ви останала еден зелен ластик.

07

Доколку сакате да го сокриете патецот на вашата коса и визуелно да направите поголем волуме, по линијата нанесете сенка слична на бојата на вашата коса.

08

 

Сонувате за брановите коса кои може единствено да ги направи морето и сонцето? Сега тоа можете да го направите и дома. Помешајте вода, минерална вода и малку сол во едно шише, и сето тоа нанесете го на вашата коса и ете!

09

 

Кога ќе ја исплетете косата, полека раширете ги прамените, на тој начин плетенката ќе добие поголем волумен.

10

Доколку сакате вашата плетенка која ја имате свиктано околу главата, да не изгледа толку совршено, дајте и благ бушав ефект со помош на четкичка.

11

Шнолите за коса се ваш сојузник додека правите фризура. Зошто? Само ќе ви кажеме да ја погледнете фотографијата.

12

Доколку сакате да имате бушаво опавче, косата заврзете ја во две опавчиња едно под друго.

14

Доколку сакате да имаат вашите локни поголем волумен, откако ќе ја извиткате заврзете ја во опавче, нанесете спреј и после тоа пуштете ја.

15

За убави локни можете да направите плетенка и после со пегла да ја стилизирате косата.

16

Кога ја носите косата префрлена на едната страна, долниот дел врзете го во мало опавче и префрлете го на страна. На тој начин нема да се грижите дали дел од вашата коса ќе ви “избега“ на грбот.

18

Имате шишки кои ви се досадија? Сплетете ги во плетенка и зацврстете ги со шнола.

19

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement