Кога сакате оригинална фризура, а немате доволно време да ја стилизирате косата, обичното коњско опавче е идеално решение. Не само што ќе постигнете гламурозен изглед за само неколку секунди, туку и можете да експериментирате со разни додатоци и украси за коса.
„ Извртеното опавче“ е романтична фризура која ќе ја направите лесно. Само земете прамени од страна и полека вртете ги внатрешно, истовремено собирајќи што е можно повеќе коса, додека не дојдете до крај. Потоа, двата прамена спојте ги со остатокот и врзете ги во опавче.

Доколку Ви е потребна драматична фризура, исчешлајте ја косата така што ќе направите голем патец на страна ( најдобро во линијата на лакот на веѓите ). Залижете ја косата и ставете обични црни шноли доколку имате непослушни праменчиња. Опавчето заврзајте го ниско, на страна. По желба, може да го натапирате или израмните.

Опавчето натри дела можеби изгледа како фризура која би ја носеле само во теретана, но ова може да биде и доста интересна фризура за секој ден. Поделете ја косата на три дела по хоризонтална линија- едно опавче да биде во висина на ушите, друг под ушите, а третиот од остатокот од косата и спојте ги еден со друг. Најдобро е да користите тенки гумички.


You must be logged in to post a comment Login