Оскарите често одредуваат каков вид на свечени фризури ќе носиме наредната година. И оваа година немаше изненадувања, затоа што познатите дами најчесто играле на сигурната за нив варијанта, а Петра Граниќ од студиото Етра ни ги откри своите фаворити.
“Едно сосема ново освежување на црвениот тепих за оваа година беше актерката Лупита Нионго, која доби Оскар за најдобра споредна женска улога. За разлика од многу актерки со темно кожа, таа се одлучи за својата природни и кратка коса украсена со тенок златен венец, што совршено е надополнет со фустанот “, објасни Петра Граниќ од Студиото Етра.
Владеењето на кратката коса
Додека пред десет години кратка коса носеше единствено Хали Бери, во последниве години владее треска за таа фризура.
“Прекрасната Шарлиз Терон секогаш изгледа добро, а својата кратка коса, која за првпат ја покажа минатата година на истиот настан, годинава ја поделува во патец и нежно ја зачешлува зад уши. Џенифер Лоренс, која од релативно неодамна стана претставник на оваа фризура ја зачешлува косата од лицето , светлите предни прамени кои паѓаат преку потемниот дел од косата”, кажува Петра дополнитено истакнувајќи ја Ен Хетавеј, за која смета дека совршено покажува како кратката коса може да биде многу женствена.
Ретро бранови
Уште од времето на Вероника Лејк, овој вид на фризура е омилен избор за црвениот тепих. Во последниве години стана толку популарна, што е веќе очекуван и малку здодевен избор. Поразлично не беше и оваа година на Оскарите. Во оваа категорија, Петра ги истакнува Кејт Хадсон, Сандра Булок, и Марго Роби:
“Секоја од нив ја носи косата на свој начин, а тоа е причината зошто е таа толку популарна. Сандра има класична верзија, Кејт лежарна, додека Маргот на фатална заводничка.”
Дали пунџите излегуваат од мода?
Во последните години, пунџите уверливо доминираат, додека оваа година речиси целосно е заборавено на нив.
“Моја омилена е Ејми Адамс која својата француската пунџа ја подигнала, лесно со венче, од страната на темето, а пунџата на Пенелопе Круз е класична и е лесна да се направи. Ема Ватсон имаше полуподигната коса која одговара на нејзиниот стил и возраста и е младешка алтернатива на пунџа.”
Повеќе слики во галеријата …

You must be logged in to post a comment Login