Ако ги сакате шеесеттите, може да почнете со славење! Кога е во прашање подигнатата коса, оваа сезона е по ваш вкус. Било да се одлучите за класична банана-пунџа или висока на темето, наоружајте се со лак за коса и чешел за тапирање.
Да направите пунџа е поедноставно отколку што ви изгледа: фенирајте ја косата рамно, подигнете ја кај коренот, а кога ќе се исуши, тапирајте ја на темето и секој прамен прснете го со лак за коса.
Нежно површински измазнете ја косата и врзете ја во репче, од чии краеви че направите пунџа и ќе ја закачите со шноли.

You must be logged in to post a comment Login