Ова е моментот за кој мечтаат сите жени кога одат во фризерски салон: фризерот ја завршува својата работа, ве врти кон огледалото, го гледате својот лик и сте запрепастени како изгледате – секси. Оваа сцена од соништата може да се претвори во стварност одкако ќе ви ги откриеме чекорите кои може да ве доведат до фризурата која сте ја замислувале.
Чекор 1
Пронајдете го мајсторот
Да најдете добар фризер е како состанок на слепо: клучот е во препораката. Кога ќе забележите девојка со совршена фризура, веднаш прашајте ја кој е фризерот.
Чекор 2
Канализирајте ги желбите
Фризерите имаат магична моќ, но не се видовити. Бидете подготвени да објасните точно што сакате. Може да ви помогне ако најдете слика од магазин. Ласкајте си. Заводливата фризура може да ги истакне вашите најдобри црти на лицето.
Чекор 3
“Скратете ми ги врвовите (но само малку)”
За да го држите под контрола фризерот и неговите ножици… кажете го планот на работа. Доколку јасно кажете што сакате, ќе спречите евентуално несогласување меѓу вас и фризерот. Бидете отворени.
Чекор 4
Флерт сo шишки
Со неколку потези со ножиците и вашите шишки ќе бидат навистина заводливи. Шишки кои одат на страна се секако најсексипилни бидејќи одговараат на секој тип на лице. Избегнувајте строг изглед така што ќе ви ги скратат степенасто, а не рамно. Заборавете на кратките шишки.
Шишките бараат да бидат обликувани на секои 4 до 6 недели.

You must be logged in to post a comment Login