Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

Совети за коса: 5 добри причини да користите шампон за суво миење на косата

Без разлика на тоа што секогаш користите редовен шампон, и шампонот за суво миење на коса би требало да се најде во вашето купатило. Еве зашто.

Косата е најдобра ден после миењето

Кога ќе ја измиете косата таа станува лелеава, често наелектризирана и мека, а таквата коса е тешко да ја обликувата и скротите. И самите фризери тврдат дека најлесно се работи на коса ден после миење. Неколку дена после редовното миење, со употреба на шампон за суво миење, вашата коса ќе изгледа како да е измиена вчера. Што значи спас од мрсна коса и лесно обликување.

Одлично мириса

Секако дека ништо не мириса така убаво како свежо измиена коса, но шампоните за суво миење ја одружуваат косата максимално чиста до следното миење. И целото тоа време ќе мириса свежо и чисто.

Често миење на косата не е добро

Ако често ја миете косата, ги уништувате природните маснотии на влакната и се постигнува контра ефект, бидејќи влакната поради недостиг на маснотии, само додатно произведуваат, за да го надоместат губитокот. Со употреба на шампон за суво миење нема да морате секој втор ден да ја миете косата.

Аксесоарите подбро изгледаат

На свежо измиена и исушена коса, шнолите, маарамите и сите останати модни додатоци тешко остануваат таму каде што сте ги ставиле. Доколку сакате да ја одржите фризурата, шампонот за суво миење ќе ви помогне аксесоарите да не се лизгаат низ косата.

Идеална за лица со виткана коса

Дамите со виткана коса мислат дека шампонот за суво миење не е најдобро решение за нив, бидејќи мислат дека ќе ја дехидрира косата и само додатно ќе ја наелектризира. Меѓутоа грешат. Додека се користи шампон за суво миење без парабен и сулфат немаат грижи. Нивната коса ќе изгледа сјајно.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement