Пред да ја намокрите косата, постојат многу работи кои може да ги направите за да имате здрава и убава коса. Со едноставна постапка, вашата коса ќе биде сјајна и прекрасна. Ви откриваме што можете да направите за вашата коса пред миењето.
-Третман со топло масло пред миењето секогаш е добра идеа. Не само што ќе ја направи косата посјајна, туку и поздрава. Помешајте 2 врсти масла – бадемово и маслиново. Во маслата можете да додадете и витамин Е за да спречите опаднување на косата. Маслото загрејте го и со него измасирајте ја главата и постепено нанесувајте кон врвовите на косата. Косата замотајте ја со фолија, а потоа со пешкир, па оставете да делува 20 минути.
– Косата никогаш не ја мијте со жешка вода бидејќи ќе биде груба и сува.
– Времето пред миењето е одлично за негување на косата, па затоа почастете ја со хранлива маска. Помешајте јајце и јогурт и нанесете ја смесата на коса.Оставете да делува 20 минути, а потоа исплакнете ја косата.

You must be logged in to post a comment Login