Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

Обликот и цртите на лицето диктираат кој патец најдобро ви одговара

Промената на патецот без ножици ја менува фризурата, но мора да биде прилагоден на обликот на лицето. На срцевидното лице одговара патец на средина, а на четириаголното на страна затоа што го омекнува.

Еден од најлесните начини како да го промените илли освежите својот изглед е промената на патецот. Повеќето од нас низ годините го пронаоѓаат природниот патец и се држат до него со години, но сте се запрашале ли некогаш дали ви одговара најдобро на вашето лице, дали го истакнува најдоброто или ги нагласува вашите недостатоци?

Експериментирањето со изгледот ќе ви помогне да пронајдете идеален баланс кој на најдобар начин ќе ја истакне вашата природна убавина. Најосновното што треба да го знаете кога е во прашање патецот е дека не секој одговара на секој облик на лице, или барем не одговара најдобро.

 

Срцевидно лице

Срцевидното лице е пошироко во образите. Патецот на средина најдобро одговара на ова лице, но само ако имате долга коса. Ако имате кратка коса или премногу слоеви коса околу лицето, тој патец може да има спротивен ефект и уште повеќе ќе ја нагласи проширеноста на лицето во делот на образите. Во тој случај подобар избор е патецот на страна, но не целосно туку косата да покрива дел од челото и образите- така лицето ќе изгледа послабо.

 

Заоблено лице

Одберете длабок патец на страна, таа која е поатрактивна. Не знаете која ви е подобрата половина на лицето?

Земете бел лист и покријте го половина лице додека се гледате во огледало. Потоа променете ја страната.Таа страна која изгледа поатрактивно, победува! На заобленото лице му треба своевидна завеса од коса која ќе го издолжи лицето и ќе направи рамнотежа на цртите од лицето.

 

Четириаголно лице

Длабокиот патец на страна ќе ги омекне цртите на челото и вилицата. Долгите слоеви на коса ќе направат илузија на овални црти на лицето паѓајќи дијагонално преку лицето покривајќи ги острите линии. Идеално место каде би требало да ја раделите косата е непосредно над надворешниот дел од веѓата.

 

Овално лице

Вие имате најмногу среќа. Вас добро ви стои било каков патец, на било која страна, било која должина или стил на фризура. Зашто тогаш не би ги пробале сите? Експериментирајте на страните и со длабочината на патецот- па така секој ден ќе доживувате мини makeover. Испробајте го и интересниот цик-цак патец.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement