Како што со шминката може да се прикријат некои неправилности и одредени несовршености на лицето, така и фризурата може да допринесе да изгледате помладо или постаро. Со некои фризури може да изгледате и послабо, како и подобро да ги истакнете цртите на лицето.
1. Долга коса
Кога се двоумите меѓу долга коса и кратка коса, треба да ѝ дадете предност на долгата која го издолжува лицето.
2. Асиметрична боб фризура
Кратката коса одзади и долги прамени напред, ќе го направат вашето лице подолго и потесно. Со патец на средината, овој асиметричен боб го издолжува вашето лице.
3. Густи шишки
Густите шишки допринесуваат вашето лице да изгледа топчесто. Степенестите шишки, наместо рамните со некој плус прамен околу лицето прават да изгледате послабо, наместо пополнето.
4. Степенеста фризура
Степенестите прамени кои го обликуваат вашето лице ќе ја избалансира тежината на косата во однос на лицето, а на тој начин ќе ви го издолжат лицето. Долгата коса и кратките прамени до брадата, патецот на средина или малку на страна ќе направат да изгледате послабо.
5. Патец на страна
Патецот на страна ви ги омекнува цртите на лицето и прави да не изгледа многу округло.
6. Пунџа на врвот
Високата пунџа го привлекува вниманието и погледот кон врвот и го прави лицето да изгледа поиздолжено.
7. Подигната коса со пуштени прамени
Секој пуштен прамен кој е пуштен по линиите на лицето прави ликот да ви изгледа поиздолжено. Ако ја врзувате косата во коњско опавче, пуштете и напред по некој прамен.
8. Брановидна коса
Рамната коса прави главата да ви изгледа помало, но лицето пошироко. Затоа добро е да направите благи брановидни локни кои ќе му дадат облик на лицето.
9. Посветла коса
Пожелно е да имате посветли прамени на површината на косата, доколку не ви е целосно светла. Посветлата боја прави лицето да ви изгледа потесно, а со тоа и вие да изгледате послабо.

You must be logged in to post a comment Login