Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

Направете сами: Спреј за осветлување на косата од природни состојки

Со мал буџет, вашата коса ќе добие многу светли и топли нијанси и што е најважно ќе остане здрава и сјајна.

Тајните состојки на овој магичен спреј за осветлување на косата се лимон и мед, а единствено што треба да правите е пред излегување од дома да ја испрскате косата и за неколку дена ќе добиете светли прамени.

Потребни состојки за спрејот:

  • 1 кесичка чај од камилица
  • Свежо исцеден сок од 1 лимон
  • 1 кафена лажичка цимет
  • ¼ кафена лажичка мед
  • 1 кафена лажичка кокосово масло
  • Топла вода


Начин на употреба:

Сите состојки истурете ги во мало и чисто шишенце со спреј, можете да употребите од некој стар парфем, а на крајот дополнете со топла вода. Пред употреба добро измешајте го шишето.

Совет: Најдобро е да се прскате пред да излезете на сонце, бидејќи сончевата топлина дополнително ќе ви помогне за да си ја осветлите косата.

Бонус совет: Доколку не сакате да ја осветлите цела, прскајте само одредени прамени или можете и самите да си направите омбре фризура, со тоа што спрејот ќе го нанесувате само на краевите од косата.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement