Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

Најдобри намирници за долга и бујна коса

Сакате долга и бујна коса, а имате чувство дека тоа е невозможно колку и да се трудите? Внесете ги во својата исхрана следниве намирници и ќе дојдете до посакуваниот резултат.

Лосос

Оваа риба е богата со витаминот D и протеини кои се добри за косата. Содржи и omega-3 масни киселини кои го потикнуваат растот на косата и ја одржуваат здрава.

Зелена пиперка

Има пет пати повеќе витамин С од портокалот. Витаминот С е јак антиоксиданс кој го зајакнува влаконото и го спречува неговото кршење.

Остриги

Недостатокот на цинк е еден од причините за опаѓање на косата. Остригите се богати со цинк.

Јајца

Јајцата се прекрасен извор на omega-3 масни киселини и содржат биотин кој го потикнува растот на косата. Но морате да знаете дека жолчката од јајцето е таа која ги содржи сите хранливи материи. За разлика од неа, белката може да ја спречи апсорпцијата на биотин во телото.

Семки од сончоглед

Само неколку семки ќе ви дадат голема количина на витамин Е, кој го подобрува протокот на крв во кожата и го подобрува растот на косата.

Авокадо

Поради својата вискока концетрација на есенцијални масни киселини кој се наоѓаат и во клетките на кожата, авокадото одамна е познато како прекрасен природен додаток за убавина. Кога ќе се нанесе на коса го стимулира производството на колаген и еластин. Помешајте малку авокадо и млака вода и смесата нанесете ја на косата, држете ја 10 минути, а потоа измијте ја.

Бадеми

Овие јаткасти плодови ќе ви ја направат косата погуста и ќе го потикнат нејзиниот раст бидејки тие содржат големо количество на биотин. Резултатот ќе биде видлив за еден или два месеци доколку редовно ги конзумирате.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement