Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

Масло кое го забрзува растот на косата

Маслото од рицинус е течно злато за косата, а се користи уште од времето на старите Египќани. Ова масло не и дава само здрав изглед на косата, туку ја подобрува и нејзината текстура и го забрзува растот. Тоа е густо, златната боја ја добива од цедење од плодовите на растението рицинус. Тоа содржи ретка масна киселина која се нарекува рицинолечна киселина, која може да се најде само во ова масло и во поедини врсти на габи. Поради високиот содржај на споменатата киселина, рицинусовото масло покажува јака анти-микробно и анти-запално дејство.

Еве на кој начин рицинусовото малсо помага на вашата коса

– Тоа обезбедува хидрантен ефект на вашата коса и скалпот. Поради големата моќ на продирање, маслото не само што го омекнува влакното, туку продира до самиот корен и така пренесува бројни минерали и хранливи материи со кои се обезбедува хидратација и исхрана на косата и скалпот.

– Со редовна употреба, рицинусовото масло може да го поправи и оштетувањето на косата, кое е предизвикано по хемиски пат (оштетување кое е настанато од користење на фарви или слично). Омега-9 масни киселини, кое ова масло ги содржи во изобилие, ја храни косата и спречува сушење на скалпот.

– Маслото делува и како средство за задржување на влажност, бидејки ја привлекува влажноста во косата и кожата. Редовно нанесување на ова масло ќе ја направи косата мека и еластична.

Пред самото нанесување, потребно е косата да ви биде влажна. Маслото е многу густо и вискозно така да не се препорачува нанесување на големи количини. Нанесување на поголема количина нема да ви помогне, туку ќе ја направи вашата коса масна и опуштена. Исто така, важно е да нанесувате само на коренот и на скалпот или пак само на врвовите. По нанесување, косата прекријте ја со капа за туширање или пак со пластична кеса, потоа замотајте ја со топла крпа и оставете ја да одстои до два часа. Во тој временски рок, косата и скалпот би требало да го упијат маслото. По тоа, косата добро измијте ја (напоменуваме да не нанесувате големо количество на маслото, инаку косата ќе биде премногу масна и ќе треба да ја миете неколку пати). Нанесете генератор и повтрорно измијте ја.

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement