За да бидете задоволни од изгледот на косата, важно е да посветите доволно време и внимание за нејзина нега. Само миење и регенератор не е доволно. Рутината во негувањето на косата треба да ја збогатите и со редовно носење на маски.
Ова е рецепт за едноставна маска од која вашата коса ќе стане свиленкаста, мека и нежна.
Потребни ви се – банана и бадемово масло.
Згмечете ја бананата, додајте неколку капки од бадемовото масло и добро измешајте. Смесата нанесете ја на косата и оставете ја да делува 20тина минути. Косата исперете ја на обичен начин и обавезно нанесете регенератор

You must be logged in to post a comment Login