Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

Маска против испукани краеви на косата

Испуканите краеви на косата можат да предизвикаат нејзино сушење, но и опаѓање. Доколку сте во фаза на пуштање на  косата и сте забележале дека краевите се веќе испукани и не ви се оди на фризер само поради неколку сантиметри, еве неколку природни маски кои ќе ви помогнат да го решите овој проблем.

1. Маска од банана и мед –  Изгмечете во сад една банана и додадете лажичка мед. Доколку смесата ви е премногу густа можете да додадете и малку млеко. Смесата внимателно нанесете ја на корените и оставете ја да делува 20 минути, или додека смесата не се исуши. По тоа исперете ја косата со шампон. Третманот можете да го поновувате пред секое миење, а резултатот е загарантиран.

2. Маска од јогурт и папаја – Папајата ја храни косата подобро од било кој купен препарат. Исто како и кај маската од банана, изгмечете на папајата и додадете малку јогурт, па смесата нанесете ја на корените и пуштете да одстои 20 минути. Исперете ја косата прво со млака вода, оставете така уште 2-3 минути и потоа исперете ја со шампон.

3. Маска од авокадо и бадеми –  Авокадото е природен балзам за коса. Исто како и претходните две маски, изгмечете го авокадото и додадете му неколку капки бадемово масло. Нанесете ја маската на краевите на косата и оставете ја да делува 15 минути. Потоа исперете ја косата со благ шампон. Оваа маска можете да ја користите еднаш во неделата.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement