Секоја жена сака да има здрава и негувана коса. Но, само мал број го постигнуваат тоа, за косата да ви расте брзо и да ви биде здрава потребно ви е малку труд. Следете ги овие совети и подобрете го квалитетот на вашата коса.
Нанесете масло на косата
Маслото на косата треба да го нанесете барем еднаш неделно. Пред да легнете, на косата темелно нанесете од хранливото масло. Наутро измијте ја косата.
Врзување на косата
Кога ќе ја врзете косата пред спиење, секогаш заврзете ја во плетенка, за да не се оштети од тегнење.
Витамин Е
Храната богата со витамин Е е особено важна за раст на косата. Јадете редовно намирници кои се богати со овој витамин.
Не ја миете косата со топла вода
Немојте да користите топла вода за миење на косата, бидејки таа може да ја оштети. Топлата вода ги отвара порите и на тој начин доаѓа до опаѓање на косата.
Одржувајте ја косата чиста
Честото користење на шампон и штети на вашата коса, но редовното миење подеднакво е важно како и нанесувањето на масло. Мијте ја косата со шампон барем три пати неделно.

You must be logged in to post a comment Login