Колку пати ви се случило да се трудите да направите некоја фризура, да излезете надвор и за момент да почне да дува ветер или пак да почне да врне и целиот ваш труд да изчезне за момент. Ви претставуваме неколку практични совети кои ќе ви помогнат во секојдневното одржување на убава фризура.
-За жал, чадорот не е доволен да ве заштити од водата и влагата. Не сакате шешир? Пред да излете од дома, косата испрскајте ја со пена која ќе и даде сјај и ќе ја сочува фризурата. Ако косата ви е кратка, можете да користите лак.
-Долгата коса нежно врзете ја со ластиче. Кога ќе стигнете на посакуваното место, пуштете ја косата, без да се плашите дека ќе ви се навитка.
-Немојте да заборавите дека боената коса (како и тенката и масна коса) многу лесно впива влага, затоа повеќе покривајте ја и не ја допирајте додека сте надвор. Од таа причина, кога ќе стигнете дома, не ја чешлајте туку веднаш обликувајте ја со фен.
-Кога ќе ја исушие косата, ставете големи самолепливи витлери.
-Ако имате виткана коса, добро е да знаете дека влагата го прави нејзиниот изглед лош, па затоа направете 6-7 пакувања од есенцијални масла растворени во хранлива маска и често негувајте ја со нив косата.

You must be logged in to post a comment Login