Ако сте една од среќничките на кои кратката коса добро им стои, тогаш правец на фризер, зошто кратката коса никогаш не била повеќе популарна во последните пет години како сега. Креативната трансформација во светот на фризурите во 2014 година се разви во два правци.
Првиот правец кај кратките коси вклучува загладени точно дефинирани рабови и асиметрични линии. Тоа изгледа природно, уредно, а сепак и покрај тоа што косата е кратка рефлектира некаков женствен и нежен впечаток. Овие фризури се нарекуваат Pixi.
Вториот правец е едноставно уметноста на невниманието, разбарушени прамења, разни текстури на бои и целосно спротивни на Pixi фризурите – оддаваат разиграност на косата. Ваквите фризури се нарекуваат коса со текстура и се кокетни.
Клачисниот боб со остри резови и асиметрични линии оваа сезона бара гладок, сјаен стајлинг и совршено наместена коса.
И двата правци на фризурии ја испраќаат пораката : истакнете се ! Значи време е да го исфрлите стилот на срамежливост и храбро да ја променете косата во стил шт ќе ве истакне.
Еве мала галерија на кратки фризури што можеби ќе ве поттикнат да го смените вашиот имиџ.

You must be logged in to post a comment Login