Можете ли да замислите живот без регенератор за коса? Производот за косата кој брзо го трошиме, а поголемиот дел од нас не ни знае за сите негови можности освен што служи за расплеткување на косата.
Регенераторот е надополнување на маската за косата и се користи во прилика на миење на косата кога не користиме маска. За разлика од маската, послабо е делувањето и потребно е повеќе време да го видиме неговиот резултат.
Но дали сте размислувале за тоа да го користите пред да ја миете косата? На мокра или навлажнета коса нанесете регенератор од средина на косата према крајот, во подебел слој. Доколку вашата коса е поролга, заврзете ја во коњко опавче или плетенка и оставете го на косата 30 до 60 минути. Додека ја гледате вашата омилена серија, косата длабински ќе се регенерира. Ако до сега косата ви била потешка од регенераторот, повеќе нема да биде. Шампонот ќе и даде влажност, а регенераторот длабинска нега.
Освен тоа, во негата на косата неопходна и е и маска која длабински ја храни, ги зајакнува влакната и ги хидрира, а најдобро е да користите еднаш во неделата. Што подолго ја оставате да делува, тоа подлабоко ќе продрие во косата и ќе ја обнови од внатре. Одличен додаток на маските се мед и маслиново масло кои помагаат за побрзо обновување.

You must be logged in to post a comment Login