БОЈАТА
Судејќи по она што најмногу се бара и она што изминативе два месеца го видовме на црвениот тепих, бојата на коса за 2014 ќе биде платинеста русокоса. Еден од најпознатите стилисти, Вајт, вели дека е сигурен во тврдењето дека поголем дел од славните ќе се одлучат токму за оваа боја.
“Сум го видел ова и претходно, вели тој, трендот прво се појавува на модните шоуа, потоа кај славните и на крај кај сите останати”.
ТРЕНДОТ
Освен светлата боја на коса, Вајт вели дека ќе се носи монохроматска боја. Јас ја нарекувам боја на моќта. Некако како да ви го одредува карактерот: нема дополнителни нијанси, туку само една која дефинитивно го отвара вашето лице и го покажува како храбро и јако. Новиот тренд веројатно се должи на достигнувањата во технологијата на бојадисување коса, што значи нема да има потреба да мешате бои за да ја постигнете бојата по која сте копнееле.

You must be logged in to post a comment Login