Доколку ви се допаѓа должината на вашата коса, но сакате малку да ги скратите вашите шишки, овој видео туторијал ќе ви покаже кој е најдобриот начин -да го сторите тоа.
Видеото е дело на Роуз Русо која досега има направено огромен број туторијали, кои се погледнати над 50 милиони пати на Јутјуб, а на нејзиниот канал се имаат претплатено нешто помалку од 500.000 корисници.
Таа во видеото ја објаснува постапката чекор по чекор и дава одлични совети како да не ја упропастите вашата коса, бидејќи еден лош потег и повеќе нема враќање назад.

You must be logged in to post a comment Login