Оваа фризура веќе неколку години е хит на секој црвен тепих. Прва ја носеше Veronica Lake, а на овогодинешните Оскари со неа блеснаа Kate Hudson и Sandra Bullock. Со малку вештина можете да ја направите дома.
Оваа фризура е добар избор за свечени прилики, свадби или матурски вечери, а стои скоро на секој облик на лице и на жени кои имаат доволна должина на косата за да ја префрлат преку рамо.
За оваа фризура потребни се фигаро, шноли и лак.
Повлечете патец на едната страна и и почнете да ја виткате до лицето према темето. Прамените двојте ги еднакво.
Кога ќе го навиткате праменот, оставете да се олади и не го допирајте. Навиткајте ја цела коса.
Исчешлајте ја косата на страна и прицврстете ја со шнолички.
Локните исчешлајте ги со чечел со широки запци. Пазете да бидат уредни.
Еден прамен од страната префрлете го преку шнолата за да ја скриете.






You must be logged in to post a comment Login