Хидратација Сувата коса е најчест проблем со кој се среќаваме во септември. За да закрепнат влакната, неопходно е да им ја вратиме загубената влага. Затоа, мијте ја косата со хидратантен шампон, а потоа задолжително нанесувајте балсам, чија улога е да ја затвори кутикулата на влакното и да ја зачува влажноста. Затоа, нанесувајте го на најоштетените делови на косата – од средината до врвовите.
Нежно чешлање Ако грубо ја чешлате сувата и оштетена коса, ќе предизвикате дополнително кршење на влакната. На мокра коса напрскајте балсам што не се измива или повеќенаменски препарат што ги хидрира влакната, давајќи им сјај и заштитувајќи ги од топлина. Почекајте косата малку да се засуши, па расчешлајте ја со чешел со широки запци, почнувајќи од краевите до коренот.
Интензивен третман За дополнителна нега употребувајте маски или пакувања со хидратантни состојки, како што се пантенол и витамин Е, или оние со висока концентрација на арганово масло или на масло од мадамија. Оставете ја маската да дејствува неколку минути, за да може да навлезе во подлабоките слоеви на влакното и да го негува.
Освежете ја бојата По изложувањето на сонце, бојадисаната коса може да изгледа безживотно или едноставно да ја сменат бојата. Светлите перчиња совршено го истакнуваат исончаниот тен, но кога ќе избледи, можат да направат да изгледате уморно. Направете рамнотежа со додавање перчиња во богати тонови – костенливи, нијанса на лешник или на чоколадо, ако сте бринета, или златни и карамел доколку сте русокоса.
Скратете ги краевите Хлорот, сонцето и солта ги сушат влакната и им ги прават краевите кршливи. Затоа, најдобро решение е по одморот да ги скратите врвовите на косата и на тој начин да придонесете за полесно обликување на косата.

You must be logged in to post a comment Login