Рибината коска е една од најпопуларните фризури кои ги обожаваат сите девојки. Но, сега веќе се појави и нова димензија, наречена јастог-плетенка, која за кратко време стана вистински хит. Најдобро од се е што за оваа фризура не ви е потребен фризер, и истата можете за само неколку минути да си ја сплетете дома.
Ќе ви биде потребно:
Шноли
Стегачи
Лак за коса
Чешел за тапирање
Постапка:
- Распуштете ја косата, натапирајте ја малку со чешел и префрлете ја на една страна.
- Доколку имате шишки префрлете ги на спротивната страна и пуштете ги пократките прамени слободно да паѓаат на лицето.
- Косата поделете ја во два дела. Предниот (помал) дел да паѓа на лицето, долниот (поголем) на задниот дел од главата.
- Задниот дел поделете го во три прамени и секој поединечно замотајте го. Привремено прицврстете ги со шноли за да не се одмотаат.
- Предниот дел поделете го на два дела ( и двата треба да паѓаат на иста насока). Секој посебно замотајте го, а потоа извртете ги и меѓусебно за да се добие еден поголем замотан прамен.
- И задниот дел замотајте го во еден прамен. После тоа предниот и задниот дел замотајте ги еден околу друг, прицврстете со шноли (најмногу внимавајте на косата зад увото, како и на долниот дел од плетенката).
- Завршетокот прицврстете го со стегач за коса, а плетенката испрскајте ја со лак и наместете ја по ваша желба.

You must be logged in to post a comment Login