Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

Испробајте неколку евтини трикови за убавa коса

Вистинското богатство за убава коса се наоѓа во вашите кујнски фиоки. Со помош на морска сол ослободете се од првутот, со мајонез или изматени белки ќе дојдете до сјајна коса, а кадриците формирајте ги со сок од грозје.

Кечапот може да кај помогне руса коса која ја променила својата боја – црвените домати помага да се неутрализираат зелените тонови, а природната киселина во оваа состојка ги ослободува минералите кои ја предизвикале реакцијата. Прочитајте ги овие трикови за убава коса.

Косата ќе добие живот со сок од грозје

Ако сакате да ја освежите косата, употребете производ со ниска ПХ вредност. Белиот вински оцет совршено ќе ја расплете косата, но нема убаво да мириса, па затоа наместо оцет користете сок од грозје. Нанесете го на косата, оставете го да делува 15-тина минути и измијте ја косата, а потоа со широк чешел убаво исчешлајте ја.

Додајте и сјај на косата со малку мајонез

Тоа е чист протеин кој ја храни сувата коса. Нанесете мајонез директно од фрижидер низ прамените. Ако не сте љубител на мајонез, може да се обидете со маска од белки. Нанесете ја маската на кожата на главата, а потоа замотајте ја со пластична проѕирна фолија и крпа. Оставете ја 20 минути, а потоа темелно измијте ја косата со млака вода.

Ослободете се од првутот со морска сол

Почестете ја кожата на главата со темелен пилинг користејќи морска сол – зрнестите кристали ќе помогнат да се ослободите од сите непотребни честички. Косата добро измијте ја со топла вода и шампон, за да се истопат сите остатоци од солта.

Подобрете ја нијансата со боја за храна

За брзо освежување на бојата, додајте неколку капки боја за храна на балзамот за коса. Црвените, виолетовите или розовите нијанси ќе добијат топлина и длабочина. Како во салоните, тестирајте ја мешавината на хартија за да избегнете грешки во нијансите.

Негувајте ги прамените со маслиново масло

За сјајна коса користете маслиново масло кое е најевтино средство за длабинска нега на косата. Малку загрејте го маслото ставајќи го шишенцето неколку минути во сад со топла вода (никогаш не го загревајте во тавче бидејќи може да го прегреете и да завршите со изгореници). Потоа нанесете го маслото од средината до краевите на прамените избегнувајќи го коренот на косата. Оставете да делува на главата 20 минути, а потоа темелно исплакнете ја косата.

Солена вода за кадрици

Наполнете празно шише со распрскувач со обична вода, а потоа додајте една кујнска лажица обична сол. Попрскајте го коренот за да добиете на волумен, а со раката обликувајте ја целата коса за да добиете летен и лежерен изглед.

Избришете ги дамките од боја на кожата со паста за заби

Ако сте се бојадисувале дома, веројатно сте оставиле дамки на кожата околу косата. Искористете паста за заби со ефект на избелување. Тие се благо абразивни, но не содржат толку белило за да ја оштетите кожата. Со прст нанесете мала количина паста на дамката, исплакнете и повторувајте додека бојата не исчезне.

Ослободете се од седите влакна користејќи јаглен

Доколку имате темна коса веројатно сте во постојана борба со белите влакна. Пробајте со јаглен за скара. Нанесете го на сув корен на косата, и… никој никогаш нема да дознае.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement