Главна фризура оваа есен е “паж” и тоа во две варијанти – нешто кратка како што ја носат Кејт Мара и Џордан Дан, или подолга како холивудските актерки Џесика Алба и Кери Вашингтон.
Паж или како што денес модерно се нарекува “боб”е одличен избор и за Карли Клос и Алекса Ченг. Фризерите велат дека во тренд е скратена фризура која може да биде разигранаа според нашите желби, но приоритет е добро шишана фризура.
Оваа сезона се враќа и иконската фризура – пикси, која добила модерен призвук на изборот на бакарни бои. Пикси која ќе се носи оваа есен е нешто подолга, каде се продолжува трендод на кратки фризури од минатите сезони.
И ефектот на мокра коса е популарен, а го преферираат девојките кои ја одбиваат класиката и стандардниот стил на фризирање. Постигнува стилизирање на косата со посебни производи кои дава на косата wet ефект.
За оние девојки кои сакаат украси, а имаат подолга коса, предлог е украсениот висок опаш и фризурата е едноставно да се направи. Едноставниот предлог е и разбушавена балерина пунџа, која по неколку сезони на спуштена пунџа се враќа на модната сцена.

You must be logged in to post a comment Login