Ви се масти косата често? Направете шампон за суво миење на косата. Еве како да направите еден во домашни услови.
Скробот прилично добро ја впива нечистотијата и маснотијата, а се наоѓа во вашата кујна. Направете шампон за суво миење според бојата на косата.
Русокоси – вие не треба да додавате ништо друго во скробо. Само добро истријте го во скалпот, оставете да делува 5 до 10 минути, а потоа само исчешлајте се.
Бринети – на скробот додајте какао во прав (без додатен шеќер). Размерот прилагодете го според вашата коса. Што е потемна, ставете повеќе какао. Можете дури и потполно да го изфрлите скробот и да користите само какао.
Црвенокоси – какао заменете го со цимет. Размерот нека биде ист на циметот и скробот.

You must be logged in to post a comment Login