На русокосите и бринетите приматот оваа сезона им го зеде новиот тренд „бронде“ или „руси бринети“, кога станува збор за бојадисувањето на коса.
Ако вашиот фризер ви споменал дека постои нов тренд во бојадисување на косата, а не станува збор за популарните „омбре“ и „сомбре“ техники, тогаш верувајте дека овој нов тренд е вистински хит меѓу холивудските ѕвезди.
Оваа техника на бојадисување на косата е слична на она што претходно сте го виделе, само што и дава поприроден и поефективен изглед на косата па така девојките кои ја испробале оваа техника на косата изгледаат како штотуку да се вратиле од егзотичните острови.
Новиот тренд на бојадисување на косата го промовираше трендсетерката Блејк Лајвли, која неодамна на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која нејзината руса коса отиде во завборав, а таа сега не е ниту русокоса ниту бринета туку нешто измеѓу.
Оваа боја е идеална за жените и девојките кои оваа лето ќе се вратат од егзотичните патувања и со себе ќе го донесат и бронзениот тен кој одлично се вклопува со „бронде“ трендот за коса.
Ваква боја за коса имаат и Кара Делевињ,Криси Тајген, Џенифер Лопез, Џесика Алба и многу други ѕвезди.

You must be logged in to post a comment Login