Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

Ако сте плавуша, задолжително прочитајте ги овие совети

Без разлика дали се фарбате долго време или размислувате за тоа, ова се работи кои мора да ги знаете, а вашиот фризер најверојатно ќе ги премолчи.

Текстурата на вашата коса станува непрепознатлива

Косата различно реагира на бланш. Секој пат кога порите на вашата коса се отвараат за хемикалиите да го направат своето, во едно можете да бидете сигури – каква и да е текстурата на вашата коса пред фарбање, таа ќе се промени. И косата најверојатно ќе биде погруба и потенка. Покрај тоа, текстурата на вашата коса после фарбање може да се менува после секое миење и ќе постане порамна, повиткана, таласаста, непослушна…

Виолетов шапмон не е опција, туку “must have”

Ако вашата коса е платинесто плава, на вас ви треба виолетов шампон. Освен ако не ви смета бакарната нијанса на коса.

Бланшот драстично ќе ви ја исуши косата, а тоа значи скапо одржување и нега

Освен што ќе морате да вложите многу пари за маски, ампули, регенератори и улје, вашата коса ќе ви одзима и време, бидејќи ќе треба да оставите сите тие производи да го направат своето. Покрај тоа, заборавете на пеглите, фигарото и сите останати уреди кои ја обликуваат вашата коса на база на топлина. Сите тие само додатно ќе ја оштетат вашата и без тоа измачена и сува коса.

Драстична промена на бојата на коса, носи со себе и промена на шминки и гардероба

Постои можност, со промена на бојата на коса, шминките во вашиот несесер повеќе да не ви одговараат, а истото важи и за некои парчиња од гардеробата. А тоа повторно значи трошоци.

Еднаш кога ќе се офарбате, нема назад

Ако набрзо после фарбањето посакате да си ја вратите својата природна боја, тоа нема да се случи така лесно како што мислите. Бланшот ги држи порите на вашата коса широко отворени, па темните бои лесно паѓаат. Единствен начи е да чекате вашата коса да порасне. А и сами знаете дека тоа не е најсреќното решение.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement