Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

8 работи кои сериозно можат да и наштетат на вашата коса!

Со правилна исхрана и правилно одржување ќе ја поштедите вашата коса од суви и разделени врвови. Не заборавајте дека грижата за вашата коса е исто толку важна како и грижата за секој друг дел од телото, особено затоа што почесто е изложена на надворешните влијанија, нечистотија и хемикалии.

Не го користите фенот правилно

Користете дифузер за фен и држете го фенот подалеку од косата, затоа што ако е премногу блиску може да ја изгорите својата коса. Држете го фенот на оддалеченост од барем 10цм. Чистете го филтерот на фенот од време на време.

Не ја досушувате косата

Во ред е да излезете надвор со недосушена коса. Но, во зависност од тоа каков тип на коса имате зависи хаосот кој ќе го видите на својата глава после неколку часа. Ако сакате вашата коса да биде мека и средена, сушете ја косата со фен додека не биде потполно сува. На крај сушете ја со ладен воздух.

Користите лоши продукти за коса

Една од најголемите грешки е тоа што жените користат фен за коса откако ќе нанесат лак или гел за коса. Спрејовите содржат алкохол, па кога нанесувате топлина уште толку ја сушите косата. Не користете продукти за коса кои содржат алкохол.

Премногу стегнати плетенки

Ако сплетете полабави плетенки ќе добиете брановидна текстура на косата. Но, ако ги стегнете премногу плетенките додека вашата коса е мокра, можете само да ја оштетите. Плетете ја косата откако ќе се исуши.

Ја сушите со пешкир витканата коса

Многу девојки со виткана коса имаат навика да ја сушат косата со пешкир, но тоа може да доведе до кршливи врвови. Најдобро е да користите микрофибер крпа или памучна блуза.

Ја пеглате косата додека е влажна

Многу е важно да ја исушите целосно својата коса пред да користите пегла или фигаро за коса, со цел да не ја оштетите.

Стилизирање влажна коса

Многу често девојките имаат навика својата мокра коса да ја врзат во коњско опавче. Но, ластичињата за коса се најголемиот непријател на влажната коса затоа што може да предизвикаат кршење на врвовите.

Го прескокнувате регенераторот

Не правете ја оваа грешка. Ако не нанесете крема за лице – вашето лице ќе биде суво, а истото се случува и со косата. Пронајдете го идеалниот регенератор за вашата коса и нанесувајте го на врвовите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement