Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

7 работи кои веднаш треба да престанете да и ги правите на косата

Факт е дека не можеме да ја заштитиме косата од сите негативни фактори кои секојдневно влијаат на нејзината структура и состојба, но постојат и онакви за кои и самите сме главни и единствени виновници. Сигурни сме дека имате барем една од овие лоши навики, а сега е време да станете свесни за нив и да престанете да ги правите.

Триењето на мократа коса со пешкир е само една од нив и затоа погледнете кои се навиките кои и штетат на вашата коса и кои треба да ги исфрлите од вашето секојдневие.

1. Чупкање на врвовите на косата

Знаеме дека барем еднаш сте се фатиле себеси како ги гледате краевите од косата и ги чупкате оние кои се расцветани. Не мислете дека со ова сте и направиле услуга на вашата коса! Ваквото чупкање може само да предизвика нови оштетувања на влакната, и нема да ги отстрани веќе постоечките, затоа ослободете се од оваа навика.

2. Компулсивно врткање на косата

Уште една навика која можеби уживате да ја правите кога ви е досадно, а тоа е компулсивно врткање на праменчиња околу прстите. Ова е обично поврзано со стрес и нервоза, но постојат и други издувни вентили кои не подразбираат малтретирање на косата на овој начин.

3. Избегнувате шишање

Јасно е дека сакате долга коса, но освен должината од клучна важност е косата да биде здрава. А тоа што избегнувате посета на фризерскиот салон сигурно не придонесува за нејзиното здравје. Кратењето на оштетените краеви на секои 4-6 месеци е неопходно за косата да биде здрава. Не мора да скратите многу – само оштетените краеви. Нема да изгубите многу од должината, а косата ќе биде препородена.

4. Пречесто и предолго чешлање

Се разбира, косата треба да се чешла за да се одмрсат заплетканите влакна, но не треба да се претерува. Предолгото чешлање може да предизвика опаѓање на здравата коса и оштетување на влакната. Неколку потези со четката со природни влакна ќе биде сосема доволно.

 

5. Опавче или пунџа 7 дена во неделата

Веруваме дека меѓу вас има и од оние кои најмногу сакаат да ја фатат косата во опавче или пунџа. Но треба да знаете дека секојдневното стилизирање на косата на овој начин влијае на нејзиното оштетување и зголемено опаѓање. Пуштете ја косата барем секој втор ден за циркулацијата нормално да функционира и коренот од влакната да ги прими потребните хранливи материи. Исто така, подеднакво лошо е и да спиете со фатена коса. Доколку навистина ви пречи сплетете ја косата во плетенка.

6. Чешлање на мокра коса

Единствено што смеете да и правите на косата додека е мокра е нежно да ја исцедите и да ја замотате во мек пешкир. Никако не триете ја и не чешлајте ја додека е  мокра. Тогаш косата е многу слаба и склона кон распукување.

7. Комбинирање на лак за коса и преса

Лакот за коса содржи алкохол во повеќето случаи кои во контакт со топлината на пресата ја горат и оштетуваат косата. Секој пат пред употреба на фигаро или преса нанесете производ за заштита на косата од топлина, а потоа ставете лак.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement