Познато е дека конзумирањето на брза храна е многу штетно, ја поттикнува гојазноста, зголемен лош холестерол и многу влијае на опаѓање на имунитетот. Новото истражување на списокот на нус појави додаде уште една загрижувачка ставка!
Новата студија предупредила дека брзата храна може да го уништи осетот за мирис. Нучниците установиле дека големиот процент на масти е поврзан со главните структурни и функционални промени во носниот систем.
Експериментот спроведен на глувци покажува дека глувците кои се хранети со намирници се со високи масти, тесшко препознаваат мирис бидејки им се случуваат значајни промени во мозочните ќелии, што влијае и на рецепторите за мирис.
Тоа е прв пат научниците да докажат цврст доказ за брзата храна и губитокот на осетот за мирис.

You must be logged in to post a comment Login