Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Исхрана

Што и како треба да јадете и пиете вотекот на летото

Иако здравата и умерена исхрана би требало да ви биде приоритет во текот на цела година, за време на летните месеци поради високите температури неопходно е додатно да обратите внимание на тоа што се внесува во организмот.

Прва и најважна работа е да не се прескокнуваат оброците. Во текот на топлината неопходно е да имате појадок, лесен ручек, лесна вечера и две дневни ужини, кои ќе ви ја зачуваат силата, ќе ја задржи добрата концентрација и ќе го чува организмот.

Што се однесува до тоа што би требало да се конзумира се препорачува: леб- 4-5 парчиња во денот, 1-2 порција млечни производи, термичко добро обработено месо (пилешко, мисиркино, риба, телешко) 3-4 пати во неделата, добро исперено овошје предпладне и послепладне, добро измиен зеленчук во текот на доручекот и ручекот и зеленчук во вкусни јадења на пример супа, чорби умерено зачинети без пикантни додатоци.

slika 2

На високите температури многу е важно да се пие доволно течности. На организмот тогаш најмногу му годи и помага вода. Постарите особи би требало во текот на денот да пијат по 8 до 10 чаши вода. Доколку се бавите со физичка активност на оваа количина треба да се додаде до 3 чаши вода за секој саат активност.

Освен водата, добар избор се и соковите и млекото. Во текот на летните топлини би требало да се намали внесот на кофеински напитоци и алкохолни пијалоци бидејки делуваат како диуретици, односно, условуваат дополнителен губиток на вода.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement