• Сподели на:

Сакате да имате пари? Однесувајте се како богаташи!

___

Вашето однесување е од определувачко значење, кога зборуваме за финансиската стабилност…

Општо познато е дека луѓето на кои им недостасуваат пари, обично ја обвинуваат судбината за тоа. Сепак излегува дека надворешните фактори немаат толкаво влијание врз нашата добросостојбата, какво што имаат нашите сопствени постапки.

Финансиската стабилност се постигнува и преку елементарни, секојдневни активности.

Во врска со ова, американското издание на магазинот “Форбс” објави листа со 5 работи кои богатите луѓе ги прават, а сиромашните – не. Или поинаку кажано, еве што треба да правите, за да имате пари:

1. Хранете се правилно
Финансискиот гуру Том Корли направил истражување меѓу богатите и сиромашните. Резултатите покажале дека 70% од финансиски стабилните луѓе ја ограничуваат употребата на високи калории и нездрава храна. Од друга страна, 97% од сиромашните се хранат претежно со тоа.

2. Не кажувајте сè што мислите
Издавањето на сите ваши мисли не ве прави похрабри или повеќе важни. И тоа дефинитивно не ве прави човек на кого може да му верувате. Според направеното истражување само 11,6 % од богатите го кажуваат тоа што им е на ум. Кај сиромашните овој процент е 69.

3. Поставувајте си цели
80% од финансиски стабилните се фокусираат на постигнувањето на една цел, додека само 12% од сиромашните го прават тоа. Освен тоа, богатите често знаат да ги запишат своите цели на лист, додека сиромашните го сметаат ова за непотребно.

4. Одржувајте се во форма
Сите ја знаеме поговорката “во здраво тело здрав дух”. Таа важи во целост за богатите луѓе. Според истражувањето 76% од богатите вежбаат најмалку 4 пати неделно, додека тоа го прават само 23% од сиромашните.

5. Бидете организирани
Речиси 81% од финансиски стабилните имаат листа со задачи и си ја организираат работата. Тоа го прават само 12% од сиромашните.


Оставете коментар

___