Голем број вработени се отпуштаат секојдневно поради една едноставна причина – стануваат непотребни.
Технологијата напредува и се развива со големи чекори. Невработеноста неконтролирано се зголемува, а некои професии постојано исчезнуваат, заменети од компјутерите и машините. Затоа треба внимателно да ја разгледаме иднината на професијата, која сме ја одбрале.
Еве какви работни места нема да има во иднина:
- Воени пилоти – тие нема да бидат потребни, бидејќи ќе бидат заменети со роботски летала кои ќе ja ограничат загубата на човечки животи.
- Кол-центри исто така нема да има, бидејќи продажбата на интернет ќе завладеат со секторот.
- Продавачите во видеотеки и музички продавници, исто така ќе останат без работа, бидејќи сите ќе слушаме музика и ќе гледаме филмови на интернет.
- Туристичките агенции исто така ќе исчезнат, бидејќи во иднина сами ќе организираме патувања со само едно копче.
- Секретарките ќе бидат вистински луксуз, бидејќи сè ќе се врши од апликации на телефони.
- Нема да има ни касиери, поштари, вработени во книжарници, бидејќи сите книги ќе бидат во електронска форма.
- Работниците на шалтерите во банките ќе бидат заменети од паметните телефони и електронското банкарство.








You must be logged in to post a comment Login