• Сподели на:

Научниците пресметаја колку пари годишно ни се потребни за да сме среќни

___

Парите навистина купуваат среќа, но постои граница – 75.000 долари (56.000 евра) годишно, покажа неодамнешно америчко истражување.

Кога ќе се мине оваа граница, трката за поголемо богатство не оддалечува од работите кои навистина не прават среќен – односот со саканите личности, пријателите и личниот живот.

Истражувањето претставеноно од страна на Американската психолошка асоцијација ни открива дека среќа ни носат умереноста и отпорноста на материјализам.

Авторката на студијата др. Миријам Тачел, од државниот Универзитет во Њујорк кажува: “Емоционалната благосостојба расте со приходите, но нема напредок кога годишните примања ја преминуваат границата од 75.000 долари“.

Друштво во кое поединци претставуваат предмет за восхит затоа што се многу богати, претставува стандарт за успех кој е недостижен и не доведува до тоа со сите сили да се обидуваме да го достигнеме, така што повеќе ќе работиме и повеќе ќе трошиме” изјави таа.

Некои поранешни истражувања покажале дека основните човекови потреби се способноста, автономноста, позитивни односи, прифаќање на самиот себе и личен развој.

Човечките потреби ескалираат кога ќе им здосади од она што го имаат и така посакуваат нешто друго, што не доведува до уште поголема потрошувачка“, изјави др. Тачел.

Колку што е јазот меѓу она што го сакаме и она што го имаме поголем, толку е поголемо и незадоволството. Помалку материјализам значи повеќе среќа“, додаде таа.


Оставете коментар

___