Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Посетете го хотелот Охла во Барселона

Ова место е сместено во срцето на историските знаменитости во близина на Средоземното море и е најдобар хотел каде што може да се сместите доколку патувате во Барселона, тоа го кажаа и туристичките водичи и туристите кои биле сместени во овој хотел.

Со прекрасната убавина и нежноста каква што имаат всушност и сите градови кои се наоѓаат покрај море, Барселона одсекогашбила една од најпопуларните дестинации кога станува збор за градовите покрај море, а овој шармантен хотел е сместен на само неколку минути од најпопуларните атракции во градот како што се: Las Ramblas, Catalunia Square, Pikaso Museum, Paseo de Gracia кои никако не смеете да ги пропуштите доколку по прв пат се наоѓате во овој град.

Хотелот Охла се наоѓа во близина на патот  Palau de la Musica, и естетски потполно е во хармонија со дизајнот и архитектурата на градот.

Гостите во овој хотел можат да изберат во која од 74 соби би биле сместени, секоја од нив со црн-бел ентериер, и посебно внимание е посветено на ентериерот . Овој хотел ќе направи се за да се чуствувате прекрасно и персоналот е премногу љубезен.

Доколку сакате вистински да уживате во вечерата , еден од четирите ресторани кој ги поседува овој хотел можат да ви овозможат комплетно уживање со поглед на целиот град.

Ресторанот Sauc  со ѕвездата Мишелин, ќе ве одведе во гастрономска нирвана, и исто така можете да се релаксирате покрај базенот со некој  егзотичен коктел. Ваше е само да уживате!

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement