Денес постојат многу теми за венчавка и сите се обидуваме да најдеме нешто посебно. Некои парови кои ја планираат својата венчавка можеби ќе се одлучат за традиционални теми и народни носии, но некои можеби ќе се одлучат својата венчавка да ја направат со тема на својот супер херој, со костими од своите најомилени јунаци.
Доколку сепак сакате да ја задржите едноставноста, во тој случај можеби најдобра тема за вашата венчавка е да направите усогласување со некоја боја. На пример, можете да ја користите истата боја за поканите, приборот, венчаницата, вратоврската, фустаните на деверушите, чевлите, тортата и останатите украси. На овој начин доаѓа до креирање на една добра и компактна целина, која претставува одраз на одлична тематска организација. Секако, ова не мора да значи дека ќе имате дополнителни трошоци, туку едноставно можете самите да се погрижите за некои од деталите и да се препуштите на вашата фантазија. Сепак, доколку имате премногу обврски или ви се потребни дополнителни совети и предлози, тогаш најдобро би било доколку побарате помош од професионалци.
Постојат толку различни бои во кои можете да ја планирате вашата венчавка, но ние овој пат ќе се посветиме на темата во боја на зелено јаболко. Во секој случај, различните бои ви даваат различна инспирација, па ви даваме неколку различни предлози и совети каде се можете да ја вклопите бојата.






















You must be logged in to post a comment Login