Во библиската традиција прстените симболизираат совршени кругови кои немаат крај, тие се симбол на ЉУБОВ, ВЕРНОСТ и ТРАЕН СОЈУЗ меѓу младоженците. Венчалниот прстен се носи на десната рака и нема строги правила кои би ве ограничувале во нивниот избор. Дали сте класични, гламуролзни или романтични? Изберете го идеалниот прстен кој ќе го задоволи вашиот вкус.
Најчести метали кои доаѓаат во комбинација за венчален прстен се: златото и платината. Кај златото се среќаваат најразлични комбинации во однос на бојата и додатоците на венчалниот прстен. Вие можете да ја изберете вашата омилена боја на злато, а можете да додадете и дијамант, секако доколку дозволува моделот на венчален прстен кој сте го избрале.
Крунисајте го светиот чин со совршен венчален прстен!

You must be logged in to post a comment Login