Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ДИ ДЕЈ

Пролетни свадбени трендови на бои

Свадбените бои се најдобар начин да го прикажете вашиот стил и свадбената тема. Боите може да се користат во координација со облеката, декорацијата, цветните аранжмани, масите итн. Бидете чекор понапред со трендовите кои ги откриваат најдобрите 3 бои за пролетните прослави во 2015 година.

Аквамарин

Аквамарин е светло сина боја со примеси на темно сина, која создава романтична, нежна и шик атмосфера, совршена за секаков стил. Комбинирајте ја со неутрални бои како слонова коска, за да постигнете софистициран изглед, со зелена и бела за да добиете свеж, рустикален стил, или со примеси на жолта или праска боја за разиграна декорација.

Бледо розе

Боја на совршен микс на романтика и сладост. Бледо розевата боја е нежна, сонлива, на која совршено ѝ прилегаат неутралните бои како сива и светло кафена. Исто така, може да додадете малку гламур со златна или сребрена боја, или зелена за свеж пролетен изглед.

Сива

Сивата стана неверојатно популарна боја поради својата елеганција и можност за комбинирање. Оди во комбинација со речиси секоја боја, а доколку ја одберете, ќе добиете софистицираност и елеганција на вашата свадба.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement