Постојано се споменува рецесија и криза. Луѓето се повеќе гледаат и бараат начин како да заштедат. Но, сепак тоа не треба да биде правецот на размислување барем не во ваква ситуација. Треба сепак на некој начин да се поставите пред ваквиот проблем. Најдобро би било се да вклопите на свој креативен начин, така што сигурно ќе заштедите одреден износ на средства, а сепак феноменално ќе се забавувате и ќе уживате во се што ви носи најубавиот ден. Понтаму во текстот ви претставуваме неколку креативни решенија.
Свеќа во мраз – Едноставно се прават и даваат посебно чувство. Магичното осветлување сигурно ќе ве запрепасти и вас и вашите гости.
Scrabble тема за вашата торта – Многу едноставно за правење, а изгледа преубаво. Во прашање е комбинација која на сите вам ќе ви се допадне, а особено што е слатка. J
Пакување на конфети – Феноменална идеја нешто да им се најде при рака на сите гости, во вистинскиот момент на свечената церемонија. Гледајте материјалот да биде биоразградлив колку што е можно повеќе.
Плико со фотографија – Многу креативна комбинација на фотографија и плико. Сигурно одлично ќе се забавувате додека ги изработувате.
Специјални украси – Изработка на специјални украси за невестинските бомбони. На овој начин ќе им дадете нова димензија и сите ќе бидат воодушевени.






You must be logged in to post a comment Login