Сакате да посветите повеќе внимание на себе и да имате подобра кондиција, но пред вашата венчавка сте премногу зафатени? Имате обврски кои ви носат големи ангажмани? Доколку премногу патувате и немате време да посетите теретана или не сакате да трошите пари на личен тренер тогаш овие вежби се вистинските за вас.
Овие апликации се направени за да ви понудат вистинско решение за вас и да ви помогнат во постигнување на посакуваната форма на едноставен начин. Апликацијата за вежбање цело време е со вас, всушност се наоѓа во вашиот џеб и секогаш е достапна.
Еве неколку интересни апликации:
01 Nike training club – Апликација која е специјално направена за жени кои се цело време во движење. Апликацијата сигурно ќе го зголеми тонусот на вашите мускули и ќе ви овозможи да го обликувате своето тело. Превземањето на ова апликација е бесплатна.
02 Calorie Counter & Diet Tracker – Доколку сакате да изгубите неколку килограми, ова бесплатна апликација ќе ви помогне во тоа. Покрај тоа што ќе ви помогне да изгубите некој килограм, апликацијата ќе ве мотивира да не јадете премногу чоколади.
03 Pedometer Free GPS+ – Дали знаете колку километри на ден поминувате? Дали сте се запрашале колку имате поминато додека го шетате вашето милениче? Превземете ја ова апликација која исто така е бесплатна, и бројте колку километри сте поминале пеш и колку калории имате потрошено.
04 Pocket Yoga – Преубава апликација која со нежен глас ве води низ вежбањето. На овој начин можете едноставно да вежбате, а во истовреме да биде ефективно. Ја зголемува еластичноста на вашето тело на многу едноставен начин.
05 Daily Arm Workouts – Апликацијата е наменета за вежбање на рацете и горниот дел од телото. Со ова апликација со сигурност ќе ги донесете вашите мускули во форма и ќе ги обликувате бицепсот и трицепсот.
Пробајте!




You must be logged in to post a comment Login